Јакимовски: Пет нови стратешки цели за Карпош во идните четири години


Претседателот на ГРОМ и кандидат за градоначалник на Карпош поддржан од Коалицијата „За подобра Македонија“ Стевчо Јакимовски вчера во Карпош на предизборен митинг ја претстави новата програма и визија за понатамошен развој на општината.

Јакимовски истакна дека во изминатите два мандата како градоначалник на локалната самоуправа секогаш неуморно работел за решавање на проблемите на граѓаните на Карпош. Со слоганот „Резултати, не приказни“, Јакимовски за наредниот четиригодишен мандат најави пет нови, како што рече, стратешки цели.

– Карпош ќе има еден милион квадратни метри зеленило. Тоа значи нови 250.000 квадрати зеленило и дрвореди. Со ова Карпош ќе има 2,3 повеќе зеленило од пропишаниот светски стандард, или 16 метри квадратни по жител, рече Јакимовски.

Во приоритетите му се и подобрување на екологијата, посебно во зимскиот период, со давање стимулации за замена на старите шпорети со нови апарати, потоа дополнителни стимулации за користење алтернативни извори на енергија, изградба на подземни контејнери за решавање на проблемот со сметот, како и изградба на платформи за паркирање на неколку локации во општината.

За младите брачни двојки, рече Јакимовски, ќе биде отстапено општинско или државно земјиште зад Зајчев Рид за да се изградат семејни домови по цена не поголема од 350 евра по метар кврадратен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1