Јакимовски: СДСМ го достигна дното кога му се заканува на моето семејство


Стевчо Јакимовски, лидерот на ГРОМ и екс функционер на СДСМ, во своето гостување на 24Вести откри кога според него СДСМ го допре дното.jakimovski1

На прашањето дали очекува Заев да објави разговори и од него, Јакимовски вели дека од СДСМ ништо не може да го изненади.

-Тие дното го допреа со тоа што ми поставија пред мојата врата венец со запалена свеќа и црн повез на кој пишуваше „Почивај во мир Стевче“. На секоја тараба пишуваа недолична содржина, му се закануваа на моето семејство, облекуваа кучиња со мои маици. Ништо од нив не може да ме изненади.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1