Јанчев, Мијалков, Тодоров, … – поткуп пратеници, коалиција со Вице и Зоран Заев, дејствување спротивно на ВМРО ДПМНЕ


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на прес-конференција по завршувањето на Централниот комитет потврди дека од партиските функции се разрешени Митко Јанчев од потпретседател на партијата и Константин Богданов од член на извршен а на општинските комитети им препорача да отворат дисциплински постапки против Сашо Мијалков и Никола Тодоров и истите да ги исклучи од партија.

Тој напомена дека се одлучиле на ваков чекор поради притисоци и закани кон пратениците да гласаат за промена на Уставот со цел промена на името.

Тој воедно ја честиташе и новата како што кажа криминална коалиција помеѓу Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков

„Сакаме да ја честитаме новата криминална коалиција во Република Македонија: Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков. За среќа ВМРО има механизам да се прочисти и јасно да чекори напред од денес, ВМРО-ДПМНЕ чекори напред свесна за предизвиците кои што доаѓаат“, изјави Александар Николовски.

,,Заради дејствување спротивно на интересите на ВМРО ДПМНЕ и силна соработка со Заев и организирање на група за притисоци и поткуп на пратениците, ЦК го разреши Митко Јанчев на тајно гласање и тоа едногласно.

Разрешен е и Константин Богданов, а ги задолживме општинските комитети да поведат дисциплинска постапка и да ги исклучат од членство Сашо Мијалков и Никола Тодоров заради истите причини. Осумте пратеници кои ги изневерија идеалите на ВМРО ДПМНЕ да дадат оставка и да го вратат мандатот.

ЦК го повикува ЈО по допрен глас да ги истражи наводите за притисоци и поткуп.

Според Александар Николовски ВМРО ДПМНЕ вечерва одржа историска седница на ЦК.

,,ВМРО ДПМНЕ има силен механизам во рамки на партијата кој секогаш успева да го прочисти од партијата она што е лошо и да се врати на корените и идеалите на ВМРО.

По длабока анализа направено е внатрешно прочистување од оние кои се огрешиле во однос на ВМРО ДПМНЕ но и на Македонија.

ВМРО ДПМНЕ завршува со хипотеките од минатото и доживува катарза.

На иницијативана Христијан Мицкоски за одржување на вонреден конгрес заради гласање на доверба, после дискусија Централниот комитет едногласно одлучи да го одбие овој предлог , бидејќи Мицкоски ја има поддршката да ја води партијата’-рече Николовски.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1