Обвинителката во СЈО, Фатиме Фетаи, на прес конференција објави дека СЈО отворило истражна постапка за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, поткуп при избори, уништување на изборни материјали и злоупотреба на средства за изборна кампања.
Министрите во 2012-та, за внатрешни работи, за транспорт и врски и секретарот на тогашната влада, заедно со други лица, рече Феатаи, го искористиле влијанието и на локално и државно ниво создале група, за вршење кривични дела, за да овозможат победа на одредена политичка партија на изборите.
Основно сомнение за оваа група е дека создала кривично дело против изборите, што рече, е основа за целиот криминал.