Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го објави списокот на предложени кандидати за нејзини помошници.
Списокот е поднесен до Советот на јавни обвинители, а Јанева го замоли да биде изгласан во најкус можен рок.
Најголем дел од кандидатите се од Куманово, Тетoво, Скопје и еден кандидат од Обвинителството за организиран криминал.
Станува збор за Обвинителот Фатмир Фетаи, Артан Ајро, Бајрам Рустеми, Гаврил Бубевски, Дарко Јакимовски, Елизабета Јакимовска, Лејла Кадриу, Ленче Ристовска, Лиле Стефанова, Љубомир Лапе, Маре Ѓорѓева, Снежана Бундалевска, Стефчо Дончев.