Јанкулоска: Гордост е да се пречека човек кој направил се за Македонија


jankulovska-1

Јохан Тарчуловски беше пречекан како национален херој. Република Македонија осум години го чекаше тој ден. Тој е сега слободен човек и има право да ги има сите почести за неговиот ангажман за заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија тогаш кога тоа било потребно.

Ова го потенцираше министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска одговарајќи на новинарско прашање дали чувствува одговорност за вчерашниот пречек на Јохан Тарчуловски.

– Не само што не чувствувам никаква одговорност, туку гордост е да се пречека човек кој направил се што може да направи во интерес на Република Македонија, нагласи министерката Јанкулоска по денешната средба со нејзината колешка од Финска Паиви Расанен.

Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1