Јанкулоска се расплака: Имам право да се грижам за моето бебе


Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во Кривичниот суд во завршните зборови во предметот на СЈО „Тенк“, каде ѝ се суди одвоено поради породувањето, плачејќи рече дека судијката судот отпочеток бил пристрасен кон неа и нефер, зашто знаел дека гледа доенче и оти не можела поради тоа да пружи квалитетна одбрана.

Во ниту еден момент кај мене не постоела умисла за да поттикнам некого да се набави блиндирано патничко моторно возило со фаворизирање на економски оператор. Додека бев на функцијата министер со чиста совест тврдам дека работев согласно закон, ниту сум влијаела, ниту сум потпаѓала под нечие влијанија.
Не сум учествувала во јавната набавка за која ме терети СЈО, со истата се запознав во текот на оваа судска постапка.

Со овие зборови екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска побара ослободителна пресуда во случајот за набавката на блиндираниот мерцедес.

Сепак, Јанкулоска рече дека кај неа како обвинета постои страв од пристрасност на мнозинството од судечкиот совет кој го води овој предмет, а со кој претседава судијката Добрила Кацарска.
Една од причините за ваквиот страв е динамиката со која се одржувале рочиштата.

– Инсистирањето да се донесе пресуда во експресно брз рок иако имам законско право на породилно отсуство за да се грижам за дете кое имаше два месеци на почетокот односно три месеци на крајот на оваа постапка. Ова отсуство беше прекинато со закажување на вообичаено интензивна динамика на рочиштата – рече Јанкулоска во солзи.

Другата причина за пристрасност е тоа што судечкиот совет, наведе Јанкулоска, веќе искажал став за нејзината вина уште пред да почне судењето за неа, тој став советот го кажал при изрекување на пресудата за поранешниот премиер Никола Груевски и екс помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

Таа рече и дека врз перцепцијата на судиите за нејзината вина влијаел и медиумскиот линч врз неа со објавување на бомбите за потребите на политичката кампања кои потоа аудио снимки со манипулирање се ширела низ медиумите. Медиумите, рече Јанкулоска, ја оцениле како виновна уште пред да почне судењето што има влијание врз судиите.

Во понеделник, на 8 октомври, во Кривичниот суд во Скопје ќе биде соопштена пресудата за екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за случајот со набавката на блиндираниот „мерцедес“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1