Вознемирувачкo фото: Сатанистички симболи и искасапено маче среде улица во Драчево


Oваа фотографија е направена утрово на тротоар на автобуската станица Драчево на која се гледа раскомадано маче – телото е буквално пресечено на пола – поставено на улица среде сатанистички симболи и латински текст „слава му на сатаната (аd majorem sathanas gloriam ) “ и „врати на пеколот, отворете се (zazas, zazas, nasatanada zazas).

„Ваква морбидност до сега немаме сретнато и неопходна е итна полициска истрага за да се фати сторителот! Не знаеме дали станува збор за организиран сатанистички ритуал во Скопје или монструозна игра на некој психопат, но што и да е во прашање сторителот мора да се фати и одговара кривично со најстрога затворска казна за изживување и убиство на животно. Повикуваме да СЕКОЈ КОЈ ИМА БИЛО КАКВИ СОЗНАНИЈА за овој случај веднаш пријави во полиција или не контактира нас и помогне во процесот на поднесување пријава. Доколку станува збор за сатанистичка секта феноменот е уште посериозен затоа што тенденциите на сектите се да инволвираат што повеќе животни и/или луѓе како ритуални жртви. Институциите мора да истражат дали на ова место во Драчево имало камери кои можеле да го снимат сторителот и дали има сатанистички секти во Скопје и Македонија. Особено што по објавувањето на оваа фотографија повеќе граѓани не информираат дека истиот текст е виден и на ѕидот на детска градинка во Тавталиџе, како и на ѕид на зграда во центарот на Скопје“, велат од Анима Мунди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1