Jапонија нуди добра плата за мистериозните и речиси невидливи борци кои ќе бидат ангажирани за месечна плата од 1.400 евра.
Тие нема да мораат да извршуваат тајни мисии, ниту пак да изведуваат атентати, туку ќе бидат туристички работници во рамките на древниот дворец Нагоја во префектурата Аичи.
Нинџите ќе добијат едногодишен договор кој бара од нив да прават разни акробатски потези својствени за нинџите, како и фотографирање со туристите, и демонстрирање на вештините при ракување со оружје.
Префектурата Аичи конкурсот не го објави во матичната земја, туку бара странски државјани кои се страсно вљубени во јапонската култура. Нинџите нема да мора да зборуваат јапонски бидејќи сите презентации ќе бидат на англиски јазик.