Јапонка си ги искасапила четирите деца


Јапонската полиција покрена истрага против жена која е осомничена дека ги убила своите четири деца, вклучувајќи и тригодишно девојче, јавија локалните медиуми.g_noz

Жената (41) наводно ги убила децата, а потоа се обидела да се самоубие.

Полицијата во семејниот дом ги пронашла телата на 10-годишно дете, две девојчиња стари шест години и тригодишно девојче, соопштија надлежните од јужната јапонска покраина Фукуока.

– Таткото ги пронашол телата на децата и повикал полиција – велат извори од полицијата.

Полицијата ја сослушува мајката во својство на осомничена за можен обид за убиство и самоубиство. Според некои медиуми, таа веќе го признала убиството на четирите деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1