Јапонското јаболко за мамурлак, убавина, имунитет.. итн


Ако сакате да вметнете нешто здраво во исхраната – јадете јапонско јаболко. Јапонските јаболка се традиционално овошје во Јапонија, иако всушност потекнуваат од Кина. Ова овошје станува особено популарно во последниве години и кај нас во Македонија.

Наликува на патлиџан со портокалова боја, но има уникатен благ вкус, пред сѐ поради присуството на танин. Доколку се јаде додека не е омекнато, се добива чувство на „собирање на устата“ поради танинот. Кога ќе омекне, станува извонредно благо и не се добива такво чудно чувство во устата.

Придобивките од јапонското јаболко се многубројни.

Ниска количина на калории и масти. Исто така е добар извор на растителни влакна, кои помагаат при варењето на храната.
Богати се со полифеноли – антиоксиданти. Овие состојки помагаат при превенцијата од рак. Имаат и антиинфекциско својство и се добри за имунитетот.
Витамин А, бета каротен, ликопен, лутеин и криптоксанин. Овие состојки штитат од штетното дејство на слободните радикали, кои го забрзуваат стареењето, а и се извор на други здравствени проблеми.
Присуство на B-комплекс витамини, како фолна киселина, витамин B-6, тиамин итн. Овие витамини играат важна улога во ензимските процеси на метаболизмот.

Одличен извор на витамин C. Редовното конзумирање јапонски јаболка му помага на телото да го зајакне имунитетот против разните зарази кои владеат во зимскиот период.
Свежите јапонски јаболка содржат минерали како манган, бакар, фосфор и калциум. Овие минерали го подобруваат размножувањето на црвените крвни зрнца.

Танинот е одличен против дијареа. Исто така имаат закрепнувачко дејство, па се препорачуваат при модринки и крварења. Го успоруваат размножувањето на бактериите, па затоа се препорачуваат против настинка и грип.
Високо ниво на природни шеќери – гликоза и фруктоза. Тие помагаат на кардиоваскуларниот систем.

Добри се за кожата – особено за маски за лице. Маската се прави така што се вади срцевината на јапонското јаболко, се додава лимонов сок и се меша. Потоа се става врз лицето.

Ја ублажува мачнината од мамурлакот. Изедете јапонско јаболко доколку сте имале тешка вечер со алкохолот.

Конзумирање

Јапонското јаболко се препорачува да се јаде свежо, откако ќе омекне. Јаболкото лесно се лупи и се јаде срцевината. Ова овошје може да се користи и за слатко или пита. Во Јапонија го користат како додаток на оризот.

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1