Јас бев таму кога се случи катастрофата во Чернобил


Поминаа триесет години, но јас се сеќавам толку јасно како да беше вчера. На 26 април 1986 година, слушнав гласини дека се случила нуклеарна несреќа. Официјалниот повик следеше 48 часа подоцна. Во следните неколку часа на Институтот за радијациона хигиена во Ленинград (денешен Санкт Петербург), каде што работев како виш научен соработник, не верувам дека некој мислел дека сме биле сведоци на настан кој ќе продолжи да има последици во годините што доаѓаат.

За мене беше важно да дојдам до информации и впечатоци од прва рака од првиот тим за итни интервенции кога се врати дома. Во јуни истата година, овие сознанија беа зајакнати за време на моето прво патување во најпогодените области како руски шеф на тимовите за итни случаи. Но, беше потребно уште подолго време да се сфати огромниот обем на несреќата за Европа. Три децении по настанот, за жал, зборот Чернобил сѐ уште е синоним со катастрофа за многу луѓе, се сеќава радиобиолог Михаил Балонов.Chernobil mikhail-balonov

Во рок од два дена од денот на тој телефонски повик, првите 200 евакуирани од градот Припјат во Украина почнаа да доаѓаат во мојот град. Во рок од неколку месеци, тој број достигна 25.000 лица, и од Украина и од Белорусија. Во несреќата загинаа 30 работници а радијацијата предизвика повреди кај повеќе од 100 други. Во 1986 година, советските власти евакуираа околу 115.000 луѓе од широката област околу реакторот. Подоцна, уште 220.000 луѓе од денешна Белорусија, Русија и Украина, исто така, беа преселени. Огромни области земја во трите држави беа контаминирани од испуштените радиоактивни материјали, а радионуклидите од централата во Чернобил беа забележани во сите земји на северната хемисфера.

Тоа беше многу поинаков свет од денес. Немаше интернет, ни Твитер и немаше брзо предупредување за жителите да се засолнат или да ја ограничат потрошувачката на контаминирана храна. Сето ова можеше да резултира со намалување на изложеноста на зрачење, и уште поважно, да се спречи потрошувачката на контаминирано млеко со радиоактивен јод во текот на првите неколку месеци, што беше, во голем дел, причина за подоцнежната појава на случаи на рак на тироидната жлезда кај децата кои живееја во погодените области на Белорусија, Русија и Украина. Вреди да се напомене дека во нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011 година, оваа изложеност во голема мера беше избегната, пред се, поради навремената забрана за користење на храната и брзата евакуација.

Пред триесет години, сепак, главниот проблем беше брзата реакција при катастрофи. Луѓето кои беа преселени од нивните домови во краток временски период, знаејќи дека никогаш нема да се вратат, беа прашани за нивната изложеност, исхраната и активностите. Јас главно се занимавав со јавна заштита. За време на престојот со колегите на контаминираните области за спроведување на истражувањата на терен и пружање помош најдобро што можевме, денот и ноќта се споија. Ние бевме концептуално подготвени да се справиме со „проектирана несреќа“, за која деталните технички описи и релевантните упатства за итни случаи беа во ред. За жал, Чернобил беше непредвидена, „непланирана“ несреќа. Ние се фокусиравме на следењето на зрачењето, проценката за висината на дозата за човекот, и укажувања и примена на противмерките. Во рок од само неколку години, напоритете да се одговори на последиците од кризата се комплицираа со големите економски, социјални и политички немири предизвикани од распадот на СССР.

Стравот од радијација има посериозни последици

Помеѓу 1991 и 2005 година, повеќе од 6.000 случаи на рак се дијагностицираа кај децата од погодените области. Значителен број од нив би можеле да бидат предизвикани од радијацијата. Овие случаи брзо беа откриени, а пациентите третирани. Без оглед на спротивните тврдења, ниту една друга последица по здравјето од зрачењето не е потврдено, ниту во најпогодените области во Белорусија, Русија и Украина, или во остатокот на Европа.

Меѓутоа, стравот од радијација, што има големо психолошко влијание, беше можеби поголем од ефектите на изложеност на неа. Освен заклучоците на Научниот комитет при Обединетите Нации за ефектите од атомско зрачење (UNSCEAR), и психо-социјалните пост-ефекти и очигледните социо-економски последици се добро документирани. Познато е дека трауматски настани предизвикуваат стрес, што може да доведе до промени во животниот стил, депресија и други физички симптоми. Понатаму, друга негативна општествена појава, како што е зголемувањето на алкохолизам, исто така може да се манифестира. Таквите ефекти биле пријавени кај населението изложено на катастрофата во Чернобил.

Покрај тоа, лицата од настраданото население колоквијално станаа познати како „жртивте од Чернобил“, термин кој наскоро стана широко употребуван. Познато е дека перцепцијата на луѓето може да влијае на начинот на кој тие се чувствуваат и однесуваат. Па така, наместо да се гледаат како преживеани, многу од овие луѓе почнаа да мислат за себе како за беспомошни и дека не можат да ја контролираат својата иднина.

www.zeit.de

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1