Jас го разбирам светот како поле за натпревар меѓу народите – Гоце Делчев 110 години од загинувањето


Денеска се навршуваат сто и десет години од загинувањето на идеологот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев.

goceНајголемиот македонски револуционер е убиен од отоманската војска на 4 мај 1903 година во селото  Баница. Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО  работел на создавање мрежа на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

Во зачуваните писма Делчев пишува дека се бори за слободна и независна Македонија, со широки права на сиромашното население: „Успехот на борбата ќе дојде со планомерна работа со која ќе им се наложиме на просветените Турци, Грци, Власи, Арнаути. Ќе ги убедиме дека ние искрено се бориме за прогресивно-културна држава, основана врз радикални и социјални принципи во животот и, тогаш, тие добороволно ќе ни подадат братски рака, здружно ќе ја продолжиме сестраната борба. Јас така и го разбирам светот: како поле за културно натпреварување на народите“.

Делчев се противел на подигнувањето на Илинденското востание сметајќи дека е прерано, но неколку месеци по неговата смрт во Крушево започна востание кое беше задушено во крв по десет дена.

goce delcev1

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1