Јас сум виновен за смртта на моите синови = Исповед на познат новинар


Ги изгубив двата сина, Ненад и Давид, а со сопругата Лилјана се простив набрзо по смртта на првородениот. Се обвинувам себеси и тоа бидејќи не бев добар модел.

Вака Захарије Трнавчевиќ, новинар и најдобриот познавач на селскиот живот кој денес на 88 години ја работи авторската емисија “Знаењето како подарок” ја започна својата приказна за Блиц.рс.  Захарија неодамна ја објави својата автобиографија “Сам за себе и за другите” во која отвоено пишува за семејната трагедија. Тој ги изгубил двата сина, а за загубата се обвинува себеси.novinar-500

-Никој друг. Јас не сум мазохист, туку чесен човек. Кога ќе го погледнам моето родителство, тогаш сфаќам дека сум виновен, изјавил тој.

 

Првата трагедија се случила во октомври 1981 година. Помладиот син Ненад, кој тогаш имал 22 години по враќањето од Америка каде го поминал летото се фрлил од балконот на семејниот стан. Според обдукцијата, тој бил под дејство на опијати.

-Беше многу убав и шармантен дечко. Но, зависноста од опијатите го уби. Уште потежок е процесот на одвикнување и лечење, признал Трнавчевиќ.novinar-1-500

 

Постариот син Давид пак, на 50 годишна возраст починал од рак на белите дробови.

-Пушеше по три кутии цигари дневно. Неговата смрт ја скрши мојата сопруга. Болката за Давид ја изгасна сета среќа во неа. Не и помогнаа ниту насмевките на внуците. Се повлече во себе, и постојано играше карти на компјутер. Почина на 5 октомври 2010 година како последица на Алцхајмеровата болест, додал тој, при тоа откривајќи дека тој и сопругата имале поинаков поглед на воспитувањето што предизвикувало збунетост кај децата. Наместо да најдат сигурност во домот, тие ја барале на улица.novinar-2-500

 

-Само сакав да ги воспитам како што јас бев воспитана. Строго, но со многу љубов. Сопругата пак израснаа во семејство каде нејзината мајка ги продавала работите за да успее да ги прехрани седумте деца. Затоа, на неа и беа важни имотот и финансиите. Дозволив нејзиниот пристап да преовладува. Се грижевме за парите, а изгубивме контакт со децата. А тие бараа пример…за жал го најдоа на улица, признал  Трнавчевиќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1