Јасмина Милованов си ги напушти децата и замина со џихадистите


Австралијката Јасмина Милованов си ги остави децата за да војува на страната на џихадистите. Таа ги напуштила своите две деца на возраст од пет и седум години за да им се придружи на џихадистите од Исламската држава. Како што објави  The Sydney Daily Telegraph, Јасмина на почетокот од мај заминала од својот дом во Сиднеј и веќе не се вратила.

jasmina djihad

– „Мислам само за своите деца. Не можам да верувам дека напушти две толку убави деца. Синот неколку дена по нејзиното заминување ми рече ‘Се надевам дека мама е добро’“, изјавил за весникот нејзиниот сопруг, а неговиот идентитет не се открива.

Според истражувањето, таа на Фејсбук е пријателка со поголем број лица поврзани со радикалниот исламизам. Повеќе од сто австралиски државјани досега им се приклучиле на џихадистите од Исламската држава во Ирак и во Сирија.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1