Јасновидец Борис Чавковски – еве што ќе ни се случува во 2016


Ќе биде ли 2016 поразлична од претходната? Ќе ни се повтори ли уште една турбулентна и мачна година? Ќе се случуваат повеќе позитивни или негативна работи? Во каква приказна ќе живееме како поединци, а што не очекува на глобално ниво? Ќе се случат ли чуда кои ќе ја поместат Македонија од статус квото што ја кочи со децении на патот кон европската и НАТО иднина?

Ќе има ли поместувања во преговорите со јужниот сосед за решавање на спорот за името… Вистинските одговори на овие прашања, се разбира дека не ги знае никој, но затоа Вечер се обиде да ги разгледа работите од еден малку поинаков агол. Заедно со популарниот македонски јасновидец Борис Чавковски.cavkovski-slika

-Многу е неблагодарно да се зборува што не очекува во следните 12 месеци, посебно во услови кога е направена таква тензија каде што исходот е многу неизвесен. Од таа причина, јас сум во дилема дали и во која мера треба да зборувам за настаните кои предвидувам дека ќе се случуваат овде кај нас и на глобално ниво, а притоа да не бидам ултрапесимист затоа што сметам дека концептот внесување страв за полесно владеење не е добро. Уште помалку не би сакал да ширам ниту лажен оптимизам, бидејќи воопшто не ни цветаат рози – ова беше  првиот одговор што го добивме од Борис Чавковски, популарен македонски јасновидец на прашањето кои се неговите прогнози за Новата 2016 година.

Според неговите предвидувања, влегуваме во уште една многу тешка, неизвесна година, потурбулентна од претходната.

– Изборите не само што нема да се одложат, туку ќе се одржат во рокот што е планиран со Пржинскиот договор. Ќе поминат без поголеми турбуленции и најинтересно е тоа што на политичката карта нема да се случи ништо значајно. Всушност, ќе има мали поместувања за пратеник, два, три, но се ќе остане исто – вели Чавковски и додава дека не би сакал да звучи како политичар ако каже дека токму во овој период Македонија ќе биде на најголемиот демократски испит.Вели, војна нема да има, ќе нема крвопролевање, но останува да лебди во воздух чудната неизвесност, што ќе се случува утре.

Со пооптимистички прогнози, Чавковски ја гледа втората половина на 2016.  Прогнозира подобрување на економската клима.

-Имам впечаток дека во тој правец ќе се напредува. Ќе има инвестиции и подобрување на стандардот иако не може да се очекуваат којзнае какви промени бидејќи тоа е долг процес. Вели дека и денарот ќе остане стабилна валута.

Чавковски не е голем оптимист дека ќе се случи нешто што ќе го забрза решавањето на спорот за името што со децении го имаме со јужниот сосед, но предвидува мало придвижување на разговорите.

-Стојам на ставот кој сум го кажал и многупати претходно, дека ќе се најде компромис со име со географска одредница. Но, очигледно дека во целиот овој политички циркус од преговори кога ќе се стигне до финалето, се случува нешто друго и тоа се одлага. Убеден сум дека нема да се случи да го изгубиме идентитетот и чувството на припадност како Македонци. Во секој случај, очекувам дека ќе се најде Соломонско решение на прашањето кое со години го кочи нашиот напредок. Јас сум секогаш оптимист дека ќе успееме да го решиме, но потребно е да се створат услови. Следната година очекувам поместување на преговорите, можеби еден чекор напред – вели оптимистички соговорникот за Вечер.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1