Маж од Новосибирск во Русија половина час поминал висејќи на прозор на 15 кат. Го спасила ногавицата.
На соседите им требале 30 минути да ја скршат неговата врата и да го спасат. Повикале итни служби, но тие не стигнале брзо.
Се уште не е јасно зошто мажот паднал низ прозор – дали чистел прозори, дали некој го турнал или пак сам сакал да скокне, пишува Siberian Times.