На почетокот од месецот во Северна Кореја наводно јавно биле погубени осумдесетина луѓе, од кои поголемиот број поради глeдање шверцувани јужнокорејски телевизиски емисии, објавија медиумите во Сеул.
Јужнокорејскиот весник „Џонг Анг Илбо“ повикувајќи се на неименуван извор објави дека пред неколку месеци имало гласини за плановите за јавно погубување.
Изворот на весникот, наводно, неодамна се вратил од Северна Кореја и тврди дека јавната егзекуција била извршена на 3 ноември во седум севернокорејски градови.
Неименуваниот извор тврди дека на погубувањето во градот Вонсан присуствувале околу 10.000 луѓе, при што биле стрелани осум лица. Поголемиот број од нив биле осудени поради гледање илегални јужнокорејски телевизиски драми, но некои и за проституција.
Гледањето недозволени странски филмови или ТВ емисии, посебно западни, се смета за тежок престап во Северна Кореја