Ги слушнавме извиците: Планинари, помош – алпинист се симнал во бездната за да го спаси Атанас


Бараа помош очајно. Ги слушнавме извиците: „Планинари, помош, планинари, помош!“ Неколкумина млади извикуваа на цел глас оддалечени стотина метри од изворите на реката Бабуна под Солунска Глава. Се стрчавме да им помогнеме и погледнавме кон правецот каде што панично покажуваа. Сликата беше стравотна. Во бездна длабока 80 метри крај реката лежеше младиот планинар, кој изгледаше беспомошно, пишува Дневник.

solunska glavaОва со растреперен глас за весникот го раскажува Петар Ставрев, битолски планинар и очевидец на трагедијата што се случи во саботата кога во близина на изворите на реката Бабуна на еден километар од планинарскиот дом „Чеплес“ загина Атанас Лиасовски (24) од Скопје, кој бил рекреативен планинар.

Лиасовски движејќи се по карпа во висина од 20 метри паднал во провалијата и со главата удрил на камен крај реката Бабуна.Момчето првпат се искачувало на планината Јакупица каде што се изворите на Бабуна.

Заедно со него била и неговата девојка и повеќемина негови другари. Искусниот битолски планинар Ставрев раскажува за трагедијата што ја снашло групата планинари, кои се движеле од Битола кон Солунска Глава. Пред трагедијата деветмина планинари од Битола, кои го посетиле изворот на Бабуна, се разминале со група од 18 скопјани, кои се упатувале кон изворите.

planinariСамо неколку минути по разминувањето младиот планинар се лизнал и паднал во длабоката провалија. Откако ги чуле повиците за помош, искусните планинари од Битола веднаш се вратиле назад за да му помогнат на несреќниот планинар.

Искусниот битолски алпинист Благојче Лазаревски веднаш и без размислување слегол во стрмната бездна. Се доближил до момчето, му дал прва помош и се обидел да го врати во живот, но неговите обиди биле безуспешни.

– По извиците за помош, Лазаревски, кој некогаш беше дел од експедицијата на Димитар Илиевски-Мурато, првиот Македонец што се искачи на Монт Еверест и кој е член на Горската служба за спасување, без двоумење слезе да му помогне на момчето.

Иако теренот е стрмен, Лазаревски пожртвувано се спушти долу. За жал, момчето имаше тешки повреди на главата. Пулсот првин му беше слаб, а потоа не се чувствуваше – раскажува Ставрев за Дневник. Битолските планинари веднаш ја известиле полицијата, а алпинистот Лазаревски останал во кањонот на Бабуна с` додека не дошол полицискиот хеликоптер. Тој требало на полициските алпинисти точно да им го покаже местото каде што било телото на Лиасовски.

Полицискиот хеликоптер дошол околу 17.30 часот, по што со сајла долга стотина метри било извлечено телото на младиот планинар.Телото веднаш било однесено во градската болница „8 Септември“ во Скопје, но дежурниот доктор само ја потврдил смртта.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1