Рускиот врховен суд, во четвртокот пресуди дека Јеховините сведоци се „екстремистичка“ организација и дека сиот свој имот треба да го предадат на државата.
Сергеј Черепанов, претставник на Јеховините сведоци, истакна дека таа религиозна група ќе се пожали на олуката во Европскиот суд за човечки права.
Руските власти ставиле неколку од нивните публикаии на листата на забранета екстремистичка литература.
Јеховините сведоци се религиозна група со седиште во САД, која е позната по проповедите од врата на врата, одбивање на воена служба и трансфузија на крв. Организацијата се проширила низ целиот свет и денес има околу 8 милиони активни челнови.
Против оваа група се воделе бројни процеси во неколку држави, поголемиот број поради одбивањето на трансфузија, но Русија е предводник на оние кои ја претставуваат оваа група како екстремистички култ.