Јелена Розга со месеци тајно се гледа со бившиот на Северина


Хрватската поп-пејачка Јелена Розга и српскиот крал на бакарот и поранешен свршеник на Северина, Милан Поповиќ, се во врска веќе неколку месеци. Како што пренесува српски „Блиц“, тие се состануваат тајно бидејќи имаат една болна точка а тоа е Северина, која беше во многу добри односи со Јелена.jelena(1)

– Би сакала да родам дете. Мечтаам за девојче. Мажачката не ми е важна – изјавила неодамна за „Блиц“, Розга истакнувајќи дека лесно се вљубува и дека тоа е единствената работа која ја придвижува во животот. Меѓутоа во текот на нејзината 19-годишна кариера таа никогаш не зборувала за љубовниот живот, и никогаш не го откривала идентитетот на своите партнери.

Иако се зборуваше дека долги години е во врската со хрватскиот кантавтор Тончи Хуљиќ, а подоцна се зборуваше дека го заменил неговиот син , но самата Розга тие наводи никогаш не ги потврди ниту ги демантираше. Во август минатата година признала дека ја прекинала долгогодишната романса, и дека од пред неколку месеци е повтoрно вљубена.
– Розга и Милан се дружеа и пред тој да ја започне својата врска со Северина. Меѓутоа нетрпеливоста помеѓу двете Сплиќанки  датира одамна, штом Милан ја почна врската со Северина, го прекина контактот со Јелена. Тие двајца почнале да се дружат минатата година и станале повеќе од пријатели – открива добро упатен извор.

Розга често е гостинка на Милан во неговиот стан во Белград, а тоа го потврдиле и нивните соседи кои честопати ги гледаат заедно во последно време. Но очигледно не сакаат да се дознае за нивната врска барем додека Милан не ја разреши судската разврска со неговата поранешна свршеница со која го има двегодишниот син Александар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1