Пејачките пред два дена беа гостинки на концертот посветен на големата сараевската група Индекси, а непријатноста ја доживеале откако во текот на денот заминале на ручек во еден ресторан на покана на организаторот.
Нивната агонија почнала неколку часа потоа за време на тонската проба во салата “Ватрослав Лисински“ во Загреб каде морала да интервенира брза помош.
– Се е во ред и сега добро се чувствувам. Александра и јас имавме некаква алергиска реакција на храната која ја јадевме, по што интервенираше брзата помош. Фактот дека двете пеевме пред полна сала зборува колку добри всушност сме биле. Организаторите на настапот Томислав Кашљевиќ и неговите соработници дадоа се од себе да ни ја намалат оваа непријатна ситуација, а силниот аплауз кој го добивме на концертот ни ги врати насмевките на лицето, изјави Јелена Томашевиќ.
Како што пренесуваат српските медиуми подебелиот крај во сето тоа го извлекла Александра Ковач која морала да прима инфузија и била пренесена во болница. Неколку часа подоцна Александра буквално избегала од болница за да настапи на концертот, но имала сила да отпее само една песна.