ЈНА тајно тестирала хемиско оружје во Македонија – ЦИА проговори


ЈНА, покрај лабораториите и фабриките што биле распространети речиси во сите поранешни југословенски републики, го користела полигонот Криволак крај Неготино како централна локација за проби на хемиско оружје, се наведува во документ на американското разузнавање

ЦИА проговори за југословенската програма за забранетото оружје

Американската централна разузнавачка агенција (ЦИА) објави податоци во кои се тврди дека на неколку места низ Македонија за време на бивша СФРЈ се одвивале тајни проби и тестирања на разновидно хемиско оружје. Во документот објавен на Интернет под наслов „Откривање на програмата на хемиско оружје низ Балканот“, меѓу другото, се наведува оти бивша ЈНА за време на нејзиното постоење, далеку од очите на населението, тајно произведувала и тестирала хемиски оружја, за што сведочат многуте лаборатории и работилници за развој на ова забрането оружје, кои тајно биле сместени во многу бункери на поранешната заедничка армија, пишува Нова Македонија . Uzumcu_gasmasker

Криволак централна локација за тестирање

Во пишаниот извештај од неколку страници стои дека ЈНА, покрај лабораториите и фабриките што биле распространети речиси во сите поранешни републики, го користела армискиот полигон Криволак, крај Неготино, како централна локација за проби на хемиско оружје. Американската разузнавачка агенција наведува дека во 1996 година нејзин агент лично се уверил оти во земјава во минатото било присутно хемиско оружје. Разузнавачот во своето истражување оценил дека во поранешна Југославија имала развиено хемиско оружје за напад и одбрана. Тој истакнува дека подоцна во 1990-тите години од анонимни извори во хрватското министерство за одбрана добил потврда дека поранешна СФРЈ, веќе 40 години далеку од светските очи развивала ваква програма, која вклучувала производство на нервен гас, гранати и бомби. Агентот во документот објавен на веб-страницата на ЦИА наведува дека од извор во Загреб дознал дека таква фабрика за производство на хемиско оружје постоела во Бијело Поље крај Мостар, како дел од тамошниот Военотехнички завод на ЈНА.

Белградска „Политика“ пишува дека Србите со децении успевале да ја скријат својата трага во производството на хемиските оружја. Од друга страна, пак, за време на војните на просторот на бивша Југославија, Хрватите наводно на неколку наврати го носеле американскиот агент на посочените локации да се увери дека Србите сѐ уште имале намери да произведуваат хемиско оружје. Во извештајот на ЦИА стои дека Србија во 1991 година одлучила да ја уништи оваа програма во Мостар и дека 30 тони гас „сарин“ вратила назад во Лучани, каде што подоцна бил уништен.

Белград уште молчи за фабриката кај Мостар

Според ЦИА, една инспекција била испратена во проверка на фабриката во Брач крај Белград, во која биле произведувани хемиски материјали, но комисијата, која тогаш била составена само од Срби, не пријавила ништо сомнително. Исто така во извештајот се наведува дека од Мостар во Крушевац честопати бил транспортиран гасот „ЦГ“, кој се користи за производство на солзавец. И конечно американскиот агент заклучува дека СР Југославија во 2000 година ја ратификувала Конвенцијата за хемиското оружје, но официјален Белград сѐ уште не дал јасни податоци со што била опремена фабриката во близина на Мостар, која, според американските воени разузнавачи, произведувала хемиско оружје.

Nova Makedonija

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1