Јохан е слободен – Хаг го прифати неговото барање


johan_tarculovski1

Судот за воени злосторства во поранешна Југославија соопшти дека судскиот совет донел одлука да го прифати барањето на одбраната, Јохан Тарчуловски да биде помилуван, јавува Балканска истражувачка мрежа, пренесува Нова тв

Тарчуловски ќе биде пуштен на слобода по завршување на административната постапка, јави Балканската истражувачка мрежа.Како што предходно најави адвокатот Антонио Апостолски, барањето за помилување на Тарчуловски се темели на неговото добро однесување во затворот.

Минатиот месец, по завршување на две третини од казната, тој и формално стекна услов за предвремено ослободување.

Имајќи го ова предвид, „сметам дека Тарчуловски сега треба да биде ослободен“, соопшти претседателот на МКТЈ, Теодор Мерон. Сѐ уште не е јасно кога точно тој ќе биде ослободен од притвор и ќе биде повторно со семејството – но извесно е дека тоа ќе биде набрзо.

Тој веќе одлежа 8 години или две третини од казната, што е услов за негово предвремено ослободување. Тарчуловски е единствениот граѓанин на Македонија што беше осуден за воени злосторства за време на конфликтот во Македонија.

ЈОХАН ПОТВРДИ: МАКЕДОНИЈО ЗЕМЈО НАЈМИЛА – СЕ ВРАЌАМ ДОМА! (ФОТО)
ВЛАДИНИОТ АВИОН ТРГНА ДА ГО ЗЕМЕ ЈОХАН
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1