Откако пристигна веста дека Јохан Тарчуловски оваа недела ќе се врати во Македонија, самиот тој ја потврди информацијата преку својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.
-Македонија земјо најмила, Македонци мои, пријатели мои…Огромна чест и задоволство ми е да ви соопштам дека конечно пристигна одлука за моето ослободување. Се враќам во Македонија, во мојата земја библиска…МАКЕДОНИЈА СЕ ВРАЌАМ, напиша Тарчуловски на својот Фејсбук профил.
Судот во Хаг го прифатил барањето на одбраната на Тарчуловски по што во текот на денот се одвива писмена комуникација со германските власти кои треба да го пуштат на слобода македонскиот бранител.
Јохан беше осуден на 12 годишна казна затвор во 2001 година.
Курир