По информациите дека композиторот Јован Јованов е приведен во полициската акција за местење на резултатите од гласањето на Скопскиот фестивал, од редакцијата на порталот Убавина и здравје контактирале со продукцијата „Јованови“ од каде изјавиле дека Јованов веќе извесно време се наоѓа на дошколување во Холивуд.
Според нив, македонскиот композитор и пејач бил затекнат од информациите во медиумите дека е приведен.
Од продукцијата информираат дека ќе поведат постапка против сите оние кои продолжуваат да го омаловажуваат името на Јованов и категорично негираат дека учествувал во било какви нелегални активности.