Ни трага од овие дечиња – Каде се Дарко, Дане, Мирсада и Митат?


Дарко, Дане, Мирсада и Митат. Ова се имињата на четирите малолетни деца што исчезнаа годинава во близина своите домови. Со денови, недели и месеци од нив нема никаква вест. Само нивните родители и блиски постојано ги чекаат живи и здрави да чукнат на вратата од нивните куќи, пренесува Утрински.

Во семејната куќа на 15-годишниот Дарко Ангелески во скопски Илинден трета недела чекаат вести. Но, добиваат само шпекулации и разни гласишта. B05933E4778E564FB312EE96743CC4B1
„Последниве неколку дена добиваме секакви информации, но, за жал, детето се’ уште го нема. Пред некој ден, луѓе ни тврдеа дека Дарко бил во Штип кај некој другар, а тој воопшто нема пријатели во Штип. Други луѓе, пак, ни тврдат дека бил во Битола, во рацете на мафијата. Постојано слушаме се’ и сешто, но ништо од тие гласишта не се потврдува на терен“, велат блиските на ученикот од втора година во АСУЦ.

Ангелески исчезна пред 21 ден. Откако се вратил од училиште, попладнето рекол дека ќе оди до блиската продавница да купи мајонез. Последен пат бил виден во близина на кошаркарското игралиште оддалечено стотина метри од семејниот дом. Три дена подоцна, односно по завршувањето на викендот, неговите родители, кои мислеле дека синот им е кај пријатели, го пријавиле случајот во полиција, па и на телевизија. Веднаш потоа се јавило момче од Свети Николе, кое тврдело дека го видел Дарко во казино во Штип. Но, полициската истрага не го потврди тоа.

Семејството на момчето се сомнева дека неговото исчезнување има врска со црниот џип што кружел низ селото и од кој средношколецот имал уплав. Кога последен пат бил виден, Дарко бил облечен во сив дуксер и во долни тренерки со зелена боја.

„За жал, и во овој случај, како и во случајот со трите деца што исчезнаа пролетта, немаме нови моменти во истрагата. Секоја информација што би можела да помогне во расчистувањето на случаите е повеќе од добредојдена“, изјави завчера министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на нашето прашање до каде е истрагата за четирите исчезнати деца.

Пет и полгодишната Мирсада Хелдовиќ од Куманово, нејзиниот сограѓанин Дане Мемеди, кој во декември треба да наполни пет години, и Митат Ибраими, роден на први октомври 2002 година од скопско Средно Коњаре се водат за исчезнати повеќе од половина година.

Имињата, нивните фотографии и опис во што биле облечени децата кога биле видени последен пат, се’ уште стојат во графата исчезнати на официјалната страница на Министерството за внатрешни работи (www.mvr.gov.mk).

Мирсада исчезна на 12 април во близина на нејзиниот дом во кумановската населба Средорек. Кога исчезнала, била облечена во црвена блуза, сини фармерки и црни патики.

„Некои викаат дека си играла со две девојчиња, други дека била со сестричката, некои дека била сама“, велат нејзините блиски. Нејзините родители, роднини и соседи ја пребараа секоја педа во сиромашната кумановска населба. Ја поминале и реката Кумановка, која тече среде населбата, но Мирсада ја нема.

Дваесетина дена претходно, играјќи си во дворот со количката од својата болна баба, исчезна малиот Дане Мемеди. Кога последен пат бил виден, бил облечен во бели сомотски панталони и шарен дуксер.

Дане и Мирсада живеат петстотини метри еден од друг. Токму поради тоа, жителите на Средорек се убедени дека децата биле грабнати.

Митат Ибраими исчезна на 19 март во близина на семејната куќа во Средно Коњаре. Малиот Митат последен пат бил виден попладнето кога се вратил од училиште. Бил облечен во горна зелена тренерка, сини фармерки и кафени чизми. Го оставил ранецот дома и излегол да си игра, но оттогаш му се губи трагата. Сомневањата одат во правец дека Митат се удавил во Пчиња, во чија близина неговите родители работеле на нива. Неговите блиски се сомневаа дека момчето било грабнато. За сите три случаи е информиран и Интерпол, но и натаму нема одговор на прашањата каде се децата.

Утрински Весник

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1