Јованка Броз и Никола Тесла биле роднини – Тесла лобирал за партизаните во Америка


Сенад Печанин бил едниствениот новинар кој постојано се среќавал со вдовицата на Тито, особено во последните неколку години од неговиот живот. Јованка Броз открила голем број на тајни и непознати факти од нејзиниот живот, и заедничкиот живот со Тито.

000-senad-jovanka11Зборувала за грубата излолација на која била изложена во период подолг од три децении. „Не знам како во разговорот дојдовме до Никола Тесла, но ми раскажа две приказни за него за кои немав слушнато ниту пак прочитано.

„Бабата на Никола Тесла  Софија Будисвљевиќ, родена во селото Печанац во Лици. Таа ја родила мајката на Тесла, Џуки, и од нејзина страна Тесла е мој роднина. Моите одржуваа блиски врски со таткото на Тесла Милутин, кој беше свештеник во селото Смилјан кај Госпиќ, Лика. Тој постојано престојуваше кај нас поради тоа што неговите родители не беа богати како ние. На негови десет години тој го чуваше нашето стадото овци. Еден ден кога небото не покри и почна да истура дожд, Никола стадото го заштити под едно големо дрво. Но, наскоро таму удрил гром. Никола некако преживеал, но громот ги убил сите овци од стадото. Мојот дедо многу го сакаше Никола, и не жалеше премногу за овците. По неколку дена тој открил дека е самиот крив за громот и смртта на овците. Дедото го прашал како е тоа возможно?, на што му одговорил дека направил експеримент, така што на еден од овните, роговите му ги споил со метални жици, кои го привлекле громот.

nikola teslaБез здив го слушавме јас и Расим овој непознат детал од биографијата на Тесла. Кога виде како не импресионираше со приказната за Тесла, Јованка ни раскажа уште еден детал од нејзиниот живот.

„Дали знаете дека Њујорк тајмс го има објавено првиот текст за војната за тоа дека во Југославија партизаните, а не четниците се бореле против нацистите? Тесла во Њујорк се дружел со својот внук, Сава Косановиќ, кој по војната станал првиот амбасадор во Вашингтон. Косановиќ,

jovanka2

Тесла го информирал за партизанската борба, пренесувајќи му точни информации со кои располагал. А Тесла тогаш одлучил да го повика својот пријател, тогаш млад новинар во New York Times и да му ги пренесе сите информации. По тоа излегол првиот текст за тоа дека партизаните се борат против фашистите. А знаете ли кој бил тогаш тој млад новинар?

И одговоримвме дека не знаеме, на што таа одговори со инотација знаејќи дека тоа ќе предизвика шок кај нас – „Орсон Велс!“ Останавме без текст.

По ова, речиси и да ги изгубивме трпението. Госпоѓа Јованка ве молам, дали сте свесни дека ваквото сведоштво не треба да остане нераскажано! Вие сте должни на јавноста да и го пренесете сите информаци од јавен карактер, сведоштва, ингормации… Ве молам, историјата на тоа ве обврзува. Таа само се насмевна и додаде дека се уште не е време да проговори за тоа што го знае…

На овој сајт www.svet.rs/planeta/senad-pecanin е комплетната сторија за разговарот со Јованка Броз.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1