Јованка Броз ќе добиe нова куќа


Српските власти обезбедиле ново сместување за водовицата на Јосип Броз Тито,  Јованка Броз, која од 23-ти август се наоѓа во белградскиот Ургентен центар каде е сместена поради влошената здравствена состојба.
314978_jovanka-broz-foto-a-andjic_fПотпретседателот на Владата на Србија, Расим Лјајиќ изјавил дека Јованка Броз се чувствува подобро и наскоро би требало да одбере една куќа во државна сопственост во која ќе биде сместена по излегувањето од болница, додека државата ќе и’ ја обезбеди сета неопходна нега.
Лајиќ навел за „Данас“ дека вилата на Дедиња, во која досега живееше Јованка, е целосно руинирана и дека неопходна е обемна реконструкција.
„Јованка Броз ќе се всели во една до четири понудени куќи, која сама ќе ја одбере. Сите се приземни, бидејќи таа не може да се движи по скали. Во таа куќа ќе престојува додека вилата на Дедиње не биде обновена“, изјавил Лјајиќ, кој редовно ја посетува Јованка во болница.
Вилата на Дедиње од 750 квадратни метри, во која живееше 89-годишната вдовица на Тито, прокиснува, ѕидовите се полни со влада и во фаза на распаѓање, инсталациите не работата, а греење има само во еден дел од вилата.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1