ЈОВАНКА БРОЗ ВО КОМА


Здравствената состојба на Јованка Броз, сопругата на поранешниот доживотен претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито, е тешка, таа е во кома и е приклучена на респираторен систем, информираат од Клиничкиот центар на Србија во Белград.

314978_jovanka-broz-foto-a-andjic_fОд Клиниката велат дека состојбата на Јованка Броз нагло се влошила вчера поради проблеми од кардио – респираторна природа и таа од вчера е приклучена на апарати за вештачко дишење. Лекарите засега не можат да дадат прогноза, зашто Броз има 90 години, но има и рак на кожата кој би можел да биде фатален. Поради влошената состојба забранети се посети, велат во Клиниката.

Јованка Броз беше примена во Клиничкиот центар на 23 август во исклучително лоша здравствена состојба. Но, по една недела, здравствената состојба беше значително подобрена и прогнозите беа воздржано оптимистички.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1