Јованка Броз, сопруга на претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито, е примена во болница поради влошена здравствена состојба, јавуваат српските медиуми
Броз е родена во 1924 година,а во 1952 година се омажила за Јосип Броз Тито со кој живеела до неговата смрт во 1980 година. Таа сега во Белград живее во скромни услови.
Вдовицата на Тито ретко се појавува во медиумите, а во последните месеци големо внимание привлече нејзината исповед.