Случајот од Гинекологија во кој татко тврдеше дека му го нема бебето а потоа му покажале новороденче со друго презиме, за директорката на ГАК Викторија Јовановска е конструиран настан. Вели дека имало неколку букви згрешено но тоа не било толку страшно како што прикажал родителот бидејќи новороденчињата имале бројчиња како и податоци во историјата на мајката. Јовановска за случајот не разговарала со таткото, но според она што слушнала од вработените, тој бил нетрпелив и не ја причекал педијатарката која била во гужва.
-Се работи за конструиран настан. Пријавено е во МВР и ќењ се види што точно се случило. Секаде се случуваат грешки и така се унапредуваат процедурите, но не се такви грешки како што беше прикажано, вели Викторија Јовановска, директор на Клиника за гинекологија.
Јовановска тврди дека не постои можност да биде изгубено бебе на Клиниката и инцидентот го пријавиле во МВР. Претходно полиција повика и таткото кој пред камерата на Сител изјави дека со часови биле под стрес бидејки прво не можеле да го најдат бебето а потоа му покажале новороденче со друго презиме.
И додека полицијата се уште работи на утврдување на вистината, од ВМРО –ДПМНЕ обвинија дека последните десет дена имало неколку смртни случаи на новороденчиња на ГАК а било забрането да излезат информации во јавноста.
-Колку смртни случаи на новороденчиња се случиле, а за кои не била информирана јавноста? Кои се причините за тоа? Дали е пронајдена опасната бактерија М Р С А во креветчињата на новороденчињата и конечно дали некој ќе сноси одговорност? Прашуваме дали воопшто нешто се презема за овие случаи?, изјави Драги Јовевски од ВМРО-ДПМНЕ
Директорката нас ГАК ги негира ваквите тврдења.
-Од почетокот на годината досега имаме 9 смртни случаи на новороденчиња а еве ви документ од ИЈЗ дека нема бактертија МРСА, вели Јовановска.
Инаку, на Клиниката нема посета на пациенти поради грипот а за испис на новороденчиња одат само по двајца членови од семјеството по инцидентот од пред десет дена кога мајка ја напушти Клиниката со туѓо бебе. По случајот од саботата ќе ја менуваа ти процедурата за тоа кој и кога може да го види новороденчето.