Јовески: Груевски не избегал преку официјален граничен премин


И по речиси 3 месеци од бегството на екс-премиерот Груевски, државните институции се уште ја утврдуваат неговата рута до Унгарија. Државниот обвинител Јовески во интервју за MИА тврди дека Груевски земјава ја нема напуштено преку легален граничен премин, но деталите се уште се утврдуваат. Досега се обезбедени бројни докази, искази од сведоци, снимки од безбедносните камери од патиштата, патарините, граничните премини и од околината на домот на поранешниот премиер во Скопје. Сето ова, заедно со доказите прибавени од соседните земји, Јовески очекува овбинителите да откријат кој се е вмешан во организацијата на бегството.

Обвинителството не утврдува дали има пропусти на одредени институции, туку дали има кривично-правни дејствија од некои лица за овозможување на бегството. Надлежните институции, во рамките на нивната внатрешна организација, треба да утврдат дали и каква одговорност има во нивното постапување и надлежност, вели Јовески за МИА.

Прашан за амнестијата првиот човек на обвинителството вели дека тој лично не ја одобрува, но законот е политички чекор кој мора да го почитуваат.

Обвинителството професионално ќе постапува до завршување на предметот. Но морам да укажам дека постапката за амнестија придонесе и за разјаснување на некои сегменти од настанот. Изјавите во судницата, на изненадување на многумина, укажаа на моменти од подготовка на случувањата на 27 април. Го разбирам разочарувањето на граѓаните и реакциите, но повторувам тоа е политичка одлука. Обвинителството е должно да го примени законот, вели Јовески.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1