Ѕанакопулос: Договорот од Преспа ќе се ратификува со над 151 глас


Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за радиото „Њуз247“, уште еднаш повтори дека во грчкиот Парламент постои мнозинство за ратификација на Договорот од Преспа и објасни дека неколку дена по гласањето, ќе се ратификува и протоколот за влез на Македонија во НАТО.dogovor grcija

– Целта на Владата, но и парламентарните корелации онака како што се формирани во овој момент покажуваат дека Договорот од Преспа ќе се ратификува со над 151 глас, како што е и потребно, истакна портпаролот на грчката Влада и министер без ресор.

Ѕанакопулос ги демантира шпекулациите и сценаријата дека протоколот за членство на Македонија во НАТО би се ратификувал по изборите во Грција, коментирајќи дека „тие информации немаат никаква врска со реалноста“.

– Протоколот ќе се ратификува по неколку дена од моментот кога Договорот од Преспа ќе дојде за ратификација во Парламентот, штом ќе биде изгласан токму со апсолутно мнозинство пратеници, а очигледно е дека тоа е целта на Владата. Самиот премиер во разговор со новинарите разјасни дека сето она што се споменува за веројатно префрлање на гласањето на протоколот за влез во НАТО по изборите е апсолутна глупост, рече Ѕанакопулос.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1