Југославија „извезувала“ бебиња


Родители од Србија чии бебиња исчезнале од родилиштата тврдат дека нивните деца се однесени во Шведска, Данска, Норвешка, Франција, САД.

Тие се потпираат на фактот дека пред тоа многу деца од просторот на поранешна Југославија се илегално посвоени во странство, во некои случаи, како што се покажало – со корупција.

bebe-porodiliste-1378756547-363903Кога тој механизам станал пракса, тврдат, се поминало кон лажење на родителите дека децата им починале во родилиштата, за потоа без нивно знаење да бидат продадени на странци.

„Бебињата од Србија им се „допаднале“ на странците и ние сме убедени дека после големиот број на посвоени деца во седумдесеттите години од минатиот век и понатаму е продолжен „извозот на бебиња“, вели Горан Филиповиќ, родител од Белград. „После одземањето на децата од мајките и „волшебните“ посвојувања, нашите бебиња почнаа да исчезнуваат од родилиштата. А, познато е, на пример, дека во еден град во Данска живеат голем број успешни деловни луѓе посвоени од нашата земја.

Странците, во меѓувреме, пронашле многу поедноставен начин да дојдат до децата, а да не ја видат Југославија. Воопшто не било тајна дека извесен број домашни работници надвор од Југославија, раѓале вонбрачни деца, а потоа ги „подарувале“ на поединци или организации и агенции за посвојување.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1