Јупитер уште еднаш ја спаси Земјата?!


Астрономски аматери за време на вчерашниот ден, забележале краток огромен блесок во атмосферата на Јупитер.

Ако се земе во предвид раната опсервација на Јупитер, тогаш најверојатно станува збор за пад на огромно свемирско тело, односно астероид на таа планета.

Првиот извештај за оваа појава на Јупитер ја направил американскиот астроном Ден Петерсон, а потоа тоа го направил и астрономот Џорџ Хал.
Петерсон на својот форум напишал дека е потребно да се почека неколку дена и ќе се утврди дали под местото каде што бил забележан блескот, ќе се појави црна точка, а доколку таа се појави, тоа ќе биде јасен знак дека во Јупитер удрил астероид.
Јупитер инаку има улога на „свемирски штит“ за унитарните планети на Сончевиот систем, затоа што со своето огромно гравитациско поле, ги оддалечува и ги привлекува бројните астероиди кои инаку би претставувале закана за Земјата.

Tags: ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1