К-15 не се укинува, но нема да биде задолжително


Популарното К-15 не се укинува, но обврската за негова исплата нема да биде задолжителна за сите компании. Синдикатот и Организацијата на работодавачи во текот на оваа недела треба да ги договорат критериумите од кои ќе зависи дали одредена фирма ќе треба да исплати регрес за годишен одмор и колкава ќе биде неговата висина, пренесе Телма.

Ова пред се`се однесува на компаниите кои ќе имаат економско-финансиски потешкотии, вели претседателот на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров.denari-1_011110

– Тие економско-финансиски потешкотии ќе се утврдуваат со спогодба помеѓу синдикатот и работодавачите. Ќе се зема предвид ликвидноста на компанијата, рентабилноста, евентуалните поголеми нарушувања во производствениот процес. Сето тоа е докажливо. На база на аргументи ќе се направи спогодба за која согласност ќе треба да даде и гранскиот синдикат. За тие фирми може регресот да биде понизок од предвидените 40 отсто, со тоа што кога конмпанијата ќе излезе од криза да ја исплати таа разлика.

Дел од синдикалните и граѓанските организации од земјава сметаат дека задолжителната исплата на К-15 не треба да се укине туку напротив, да се воведе и во јавниот сектор. Велат, не може секоја мала економска криза да биде на товар на работниците.

– Нели од сите експерти од Светска Банка, од ММФ, од владините претставници секојдневно слушаме дека економијата расте. Во услови кога економијата расте, ССМ ако навистина ги застапува интересите на работниците, а не на Владата и на работодавачите, треба да преговара за зголемување на примањата на работниците, дали во делот на личните примања или во делот на К-15, рече Марјан Ристески од Конфедерација на синдикални организации.

Обврската за задолжителна исплата на К-15 стапи на сила минатата година, кога на вработените во приватниот сектор како средства за годишен одмор им беа исплатени по околу 8.400 денари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1