Каде да ги сокриете парите за банкарите да не ви ги најдат


Освен ако не сте биле на одмор во последните неколку дена или сте надвор од секоја можност да се информирате од медиумите, сигурно имате слушнато за случајот со Кипар. За оние кои не слушнале, кратката приказна е дека IMF им дотури данок на богатите, кој вклучува земање на пари директно од сметките на луѓето.

 

pig-bank-robbery-of-america550На некој начин крадење сред бел ден и тоа на крајот од истиот, не нудат никакво извинување. IMF вели дека луѓето на Кипар мора да им платат на банкарите кои им ги изгубиле и украле парите. Ова е направено под закана да земјата не биде ишутирана од Еврозоната, доколку истата го одбие ваквиот предлог. Немојте да сте во заблуда, ова е само проба, а истото ќе дојде и кај вас, многу наскоро и тие ќе дојдат по вашите пари и сметки.
Па останува прашањето што може да направиме? Може ли да ги претвориме нашите пари во акции? Или пак да инвестираме во имот или во „фенси“ кола? Моето мислење е дека денеска ништо не е сигурно. Ако вашите пари се надвор од дофат и се чуваат во било кој тип на финансиска институција, истите можат да бидат украдени.

Предупредување 1: Што и да правите со вашите пари, вие тоа го правите на свој ризик.

Сега се поставува прашањето каде би ги ставиле вашите пари, ако не во банка? Па прво може да се постави прашањето, зошто воопшто на почетокот парите ги ставаме во банка.

19176-banka2Ги ставаме поради чувството на сигурност и привилегијата која ни ја овозможуваат банките со каматите. Но, со текот на времето ниту една од овие две причини не ни дава со сигурност да веруваме дека ваквиот тренд ќе продолжи во позитивна насока, туку напротив

Вие нема да видите какво било враќање на традиционалната проверка или заштеда на сметката, или како што покажаа неодамнешните настани со скандалот на МФ Глобал, со кој само се докажува дека вашите пари можат да ви бидат одземени, а вие ништо не можете да направите во врска со тоа.
Ви препорачуваме да ги задржите во банката онолку пари колку што ви е потребно да оперирате со вашите дневни финансии и да ги покриете вашите дебитни картички.

Сите заштеди треба да се чуваат некаде на друго место, ако не сакате да завршите како оние во Кипар, кои во последен момент почнаа да ги празнат банкоматите. Замислете само да појдете во вашата банка и тие ви споменат дека не можете да подигнете ни цент од вашите пари.
Останува големо прашање каде да ги оставите вашите пари? Големо прашање, кое пред се зависи од тоа колку имате, каде живеете. Сето ова спаѓа под чадорот на ризик за тоа како можат да ја контролираат вашата толеранција на ризик, да ве заплашат дека вакво нешто може да ви се случи и на вам.

Предупредување 2: Само затоа што ги имате скриено парите, не значи дека некој друг не може да ги најде.

Постојат еден тон на опции за затскривање на работите, а тие не се ограничени само на вашата креативност. Ако се обидат да ви ги сокријат парите, треба да превземете дополнителни мерки на претпазливост. Особено ако имате во план повторно да си ги видите парите.

bankТајните прегради во секојдневните предмети:

Постојат огромен број на места во предметите низ куќата кои можат да бидат одличен сеф за вашите пари. Таков е примерот со старите VHS касети, во кои лесно може да скриете неколку стотици долари. Потоа исто така е добра идеја да ги скриете и во стари сметки, или меѓу банкарски извештаи. Се што изгледа како ѓубре и што би можело да биде игнорирано, е идеално место за криење на парите.

Во ѕидовите на вашиот дом:

За ваквиот пристап ќе ви биде потребно малку повеќе столарски вештини и ќе остави поголем белег кога ќе одите да си ги побарате парите. Поради тоа што поентата е да не ги оставате сите на едно место, ваквиот зафат ќе бара повеќе работа. На тој начин нема да биде лесно за наоѓање. Ако никогаш не сте покривале дупки на ѕидот, ќе ви треба малку пракса.

pariВо таванот

Најлесното место за криење на вашите пари е таванот. Но, за жал ова е најлогичното место за пребарување на истите. Ако ги криете на таванот, обидете се да ги сокриете на повеќе места, за да на крајот можеби и да ви остане нешто.

Во подрумот

Ако е веројатно дека ќе бидете откриени со скривницата на таванот, друго место каде што би можеле да ги сокриете вашите пари е подрумот. За да биде потешко за наоѓање, најдобро е да ги сокриете над водоводот, или клима уредот.

Да ги закопате во дворот

Одлична идеја, но голем е ризикот да некој ве забележи додека копате дупка. Можете да искомбинирате додека се занимавате со градинарство, па скришум да ги закопате.

Да ги сокриете на тајна далечна локација

Може да одберете некое место кое што нема да биде блиску до вашиот дом. Место за кое што никој не знае и нема да го споменува, освен вие.

Предупредување 3: Само затоа што ќе ги сокриете вашите пари, не значи дека ќе бидете во можност да дојдете до нив кога ќе ви притребаат.

Повторно искористете го вашиот најдобар суд со овие идеи. Држејќи ги вашите пари на безбедна далечина од банкарите, не ви врши ништо доколку истите ги пронајде некоја истражувачка група или туристи. Преземете соодветни мерки на претпазливост, но земете во предвид и некое алтернативно место за криење на парите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1