Каде е златото на Македонија?


1,8 милијарди евра хартии од вредност, 273 милиони монетарно злато, валутите и депозитите 154 милиони евра и специјалните права за влечење со 1,9 милиони евра- ова е заштедата на Македонија според НБРМ.

gold-barПоради неизвесноста во еврозоната, зголемените ризици и намалените очекувања за економско закрепнување, најголем дел од девизните резерви со кои располага државата НБРМ ги чува во земји со највисоки кредитни оценки од страна на меѓународните рејтинг агенции, соопшти НБРМ.

Од почетокот на 2012 година, пак, најголем дел од монетарното злато е депонирано во Банката на Англија. Според НБРМ на прво место се најмоќните европски економии Германија, Франција и Холандија каде што се чуваат 58 отсто од македонските девизните резерви, додека, 13 отсто од девизните резерви на државава се чуваат во Англија и САД.

Дел од монетарното злато од втората половина на 2012 година, со одлука на НБРМ, се инвестира како краткорочни депозити кај странски комерцијални банки. Рокот на чување, односно пласман, изнесувал најмногу една година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1