Каде и да си Македонец си – нашинец во Севиља им помага на навивачите


Нашинец кој со семејството долги години живее во градот Севиља, каде се одржува ракометното првенство, направил веб сајт и им нуди помош на сите македонци кои ќе дојдат во градот да ја бодрат нашата репрезентација. Еве што вели на сајтот.

makedonska-rakometna-reprezentacijaПочитувани посетители, добредојдовте на страницата посветена на градот Севиља во Шпанија. Оваа веб страна е создадена исклучиво по повод светското првенство во ракомет кое ќе се одржи во јануари 2013 во Шпанија.

Ждрепката одлучи Македонија да игра во групната фаза токму во Севиља, град во кој јас и мојата фамилија сме веќе 4 години и како што ни е познато, ние сме единствените Македонци во градот.

Ја наменив оваа страница за да ги споделам сите информации кои ги знам во врска со градот, и да им ги пренесам на сите навивачи кои ќе пристигнат да ја бодрат нашата репрезентација на Мундијалот. Има голем број страници за Севилја, но ниту една на македонски.

Се надевам дека оваа страница ќе им помогне барем на еден дел од македонските навивачи – доколку е така, тогаш ја исполнила својата намена. Во следните постови ќе најдете информација за пристигнување во градот, транспорт низ градот како и пристигнување до спортската сала, потоа информации за продавници, супер/хипермаркети, ресторани, информација за времето, и слично. Страницата ќе биде обновувана во рамките на моите можности, се надевам дека секој ден ќе можам да поставувам по некоја нова содржина, па навраќајте повеќе пати за целосна информација. Доколку не можете да најдете нешто, а ве интересира, контактирајте ме преку мејл и ќе се обидам да ви одговорам најбрзо што можам.

Јосиф Мирчески ви стои на располагање за секоја друга информација која ви недостига и можете да го исконтактирате во секое време.

Прочитајте повеќе на www.osvoijasevilja.com

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1