Снег има на врвот на Водно околку жичарницата како и на највисоките точки на Скопска Црна Гора..
Снежни врнежи ноќеска во Македонија на повисоките места направија покривка на Водно, Попова Шапка, Скопска Црна Гора… Температурите во земјава се уште над нулата – дневните се движат од пет до 14 степени.
Но, тоа ќе трае до недела. Според метеоролозите, до сабота ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со повремени врнежи од дожд, особено во текот на денешниот ден и во утре. На планините врнежите ќе бидат претежно од снег.
Во сабота ќе дува засилен северен ветер. Од недела, утринските температури на повеќе места ќе бидат под нулата.