Каде има снег во Македонија сега и какво ќе биде времето


Снег има на врвот на Водно околку жичарницата како и на највисоките точки на Скопска Црна Гора..vodno1-sneg 500

Снежни врнежи ноќеска во Македонија на повисоките места направија покривка на Водно, Попова Шапка, Скопска Црна Гора… Температурите во земјава се уште над нулата – дневните се движат од пет до 14 степени.

Но, тоа ќе трае до недела. Според метеоролозите, до сабота ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со повремени врнежи од дожд, особено во текот на денешниот ден и во утре. На планините врнежите ќе бидат претежно од снег.

Во сабота ќе дува засилен северен ветер. Од недела, утринските температури на повеќе места ќе бидат под нулата.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1