Се верува дека бемките се знаци кои се многу тесно поврзани со човечкиот карактер и неговата судбина. Станува збор за бенки од раѓање или оние кои се појавиле во раното детство. Во зависност од нивната местоположба можете да извлечете полезна информација или да направите една обемна анализа за карактерот на личноста и судбината.
Бенки на лице
Позиција 1-3
Сте биле бунтовник во детството. Имате вродена креативност и најдобро функционирате кога сте слободни. Доколку имате бенка на овие места, најголем успех ќе имате доколку сте сам свој газда.
Позиција 4
Премногу сте импулсивни, харизматични и енергични. Но станувате многу збунети кога пред вас имате повеќе опции. Тврдоглави сте но тоа не ве држи долго време. Сакате со цврсти аргументи да ги браните своите ставови. Бенка на оваа позиција покажува дека сте многу темпераменти.
Позиција 5
Бенка над веѓи значи дека ве прати среќа кога станува збор за финансиски успеси, но за да имате финансиски успех мора да работите повеќе од другите. Парите мора внимателно да ги чувате затоа што во вашето окружување има луѓе кои ќе се обидат да ве изманипулираат и да ви ги земат тешко заработените пари. Им се советува на овие луѓе претерано да не им веруваат на другите, да ја следат својата интуиција и да бидат внимателни.
Позиција 6
Бенка на оваа позиција укажува на интелигенција, креативност и уметнички вештини. Вашиот талент за уметност може да ви донесе богатство, слава и успех. Богатство ќе имате кога ќе сфатите дека треба да го следите срцето и да ги отфрлите конвенционалните начини на размислување. Ќе имате успех само доколку сте доволно храбри.
Позиција 7
Бенка под веѓа укажува на на човек кој има проблеми со расправање во семсјството. Несогласувањето во семејството ќе влијае на вашата енергија и кариера. Неопходно е да ги решите сите проблеми во семејството пред да започнете да напредувате во животот.
Позиција 8
Оваа позиција не е позитивна. Финансиската ситуација ќе биде проблематична поради вашата потреба да трошите повеќе отколку што треба. Имате предиспозиции да станете коцкар. Важно е да знаете кога треба да престанете. Луѓето со бенка на оваа позиција имаат тенденција да флертуваат како со спротивниот така и со луѓе од истиот пол.
Позиција 9
Оваа позиција на бенка укажува на сексуални проблеми. Ова е лоша позиција за бенка и по верувањето треба да се отстрани. Оваа бенка носи голем број проблеми.
Позиција 10
Бенка на оваа позиција носи многу среќа кога е во прашање семејството. Луѓето со бенка на оваа позиција имаат многу деца. Вашето семејство ви нуди финансиска и емотивна потпора. Емотивно сте многу задоволна личност.
Позиција 11
Бенка на ова место укажува на склоност на болести. Се верува дека оваа бенка на ова место треба да се отстрани, особено ако е голема и темна боја.
Позиција 12
Бенката на ова место укажува на успех и рамнотежа во животот. Оваа позиција на бенката носи богатство но и слава. Жените со бенка на ова место се многу убави и ги следи среќа во животот.
Позиција 13
Децата ви претставуваат грижа во животот. Не сте и нема да бидете во добри односи со вашите деца. Немате многу опции на располагање освен да бидете толерантни.
Позиција 14
Бенка на оваа позиција укажува на чувствителност на храна. Алергични сте на одредена храна или едноставно да јадете повеќе отколку што треба.
Позиција 15
Вие сте личност која сака промени. Секогаш сте во движење и често редизајнирате или го реновирате вашиот дом. Сакате новости, да се запознавате со нови луѓе и да патувате. Многу сте несреќни кога се задржувате на едно место. Сака те да патувате и имате авантуристички дух. Имате дарба за детаљи.
Позиција 16
Мора да бидете внимателни кога станува збор за храна и секс. Тоа се ваши најголеми проблеми.сакате романтика и склони сте во еден момент да имате повеќе сексуални партнери. Имајќи во вид дека стеморална личност, таквите љубовни и сексуални авантури ќе ви нанесат грижа на совет што ќе ви предизвикаат дополнителен стрес во животот.
Позиција 17
Вие сте личност која сака постојано да е во друштво, имате особена појава кога сте во друштво и вербално сте надарени. Постои можност да ги извалкате вашето добро име доколку не сте скромни кога станува збор за вашиот животен успех. Немојте самите себеси да си се фалите. Многу лошо ќе се чувствувате доколку луѓето ве отфрлат затоа што се пронаоѓате покрај другите луѓе и друштвото ви е од големо значење.
Позиција 18
Вие сте личност која секогаш е во движење. Мора да бидете многу внимателни кога патувате затоа што бенката на ова место едноставно сака да остане дома.
Позиција 19
Имате многу среќа со парите и имате многу добри пријатели. Ваша слаба точка е што потпаѓате под влијание на спротивниот пол. Оваа позиција на бенка може да ве доведат до проблематични ситуации во животот.
Позиција 20
Бенка на ова место може да донесе голема среќа или голема несреќа, слава или неверојатна несреќа. Многу сте интелигентни и изразена е вашата креативност. Вашите таленти можете да ги манифестирате на позитивен или негативен начин. Имате памтење како на слон и се простувате со леснотија. Бенка на оваа позиција ја одбележеува личноста која во историјата ќе биде запишана како добра личност или како тиранин.
Позиција 21
Бенка на оваа позиција значи успех и слава во животот.
Позиција 22
Среќата ве следи во животот и се ви оди од рака. Може да станете познати благодарение на спортот доколку тоа ви е тоа целта. Луѓето кои имаат бенка на крајот од веѓите се моќни и авторитативни. Добро ви одговара позиција на дирекот на управен одбор или на големи претпријатија.
Позиција 23
Имате висока интелигенција и во теорија и пракса. Многу сте борбени и вашиот свет ќе биде многу исполнет. Ќе бидете активни до крајот на животот и вашето семејство и пријателите ќе бидат со вас до самиот крај.
Позиција 24
Бенка на оваа позиција укажува на успех и слава во раните години од животот. Ви се советува тој успех да го искористите и да си обезбедите живот со иднина затоа што подоцна во животот ви следуваат потешкотии.
Позиција 25
Луѓето кои имаат бенка на ова место имаат загарантирано успех и среќа во животот, но мора да се контролирате. Задржете ги вашите традиционални ставови кои ќе ви осигураат среќна иднина.
Бенки на тело
Позиција 1
Животот ви е трновит и ќе има периоди кога ништо нема да ви оди од рака. Доколку бенката има црвена боја и се наоѓа на предната страна од телото тоа значи дека чесно ќе се носите со препреките кои ви ги носи животот.
Позиција 2
Вие сте човек кој лесно доживува стресни ситуации. Вдишете длабоко кога ќе се најдете под притисок од некоја работа и размислете.
Позиција 3
Вие сте многу популарна личност и вашиот живот е обоен со постојани препреки. Сакате да работите и многу ви се важни општествените случувања. Оваа позиција укажува на тоа дека ќе дојдете до висока и одговорна позиција на работа.
Позиција 4
Бенка во близина на средината напредниот дек укажува на тоа дека мора да бидете претпазливи кога станува збор за храната, особено ако бенката е црна и изразена. Од друга страна ако станува збор за бенка која има светла, тоа е знак дека вашиот сопруг или сопруга многу ве сакаат.
Позиција 5
Оваа позиција значи дека животот ќе ви биде среќен и без многу грижи. Особено посветете внимание на вашето здравје кога ќе наполните 50 години.
Позиција 6
Оваа бенка ја имаат амбициозни луѓе со планови за иднината. Доколку на дланката имате бенка значи дека ве очекува успех во животот.
Позиција 7
Луѓето со бенка на ова место се дарежливи, искрени и правични кога станува збор за работа.
Позиција 8
Бенката на стомак ја имаат луѓето чии животи се предодредени да бидат удобни. Оваа бенка носи среќа особено ако е малечка.
Позиција 9
Бенка на стомак укажува на голем финансиски успех. Што е помала бенката тоа подобро, особено ако таа е темна и јасно видлива. Доколку ви го допира папокот тоа значи дека ќе бидете многу богати.
Позиција 10
Луѓето кои имаат бенка на ова место имаат многу деца.
Позиција 11
Бенка на ова место укажува на послушни деца кои ќе ви донесат многу среќа во животот. Ќе бидете многу горди на нив.
Позиција 12
Бенка на оваа позиција носи многу среќа. Неочекувани моменти во животот се гарантирани. Доколку на истото местото имате две бенки имате неверојатна среќа во животот.
Позиција13
Со бенка на ова место многу веројатно е дека ќе имате убав сопруг/сопруга. Исто така значи дека и вие сте екстремно убав човек.
Позиција14
Бенка во близина на пазуви укажува на голема среќа во животот кај мажите. Доколку бенката е сокриена под пазувите укажува на тоа дека ќе достигнете високи позиции во животот.
Позиција 15
Бенка на ова место значи дека мора многу да работите за да постигнете нешто. Исто така оваа позција наговестува физичка работа.
Позиција 16
Оваа позиција укажува на тоа дека со тежина ги остварувате деловните резултати
Позиција 17
Цел живот ќе имате работа со пари. Тие пари најчесто нема да бидат ваши па затоа мора да внимавате.
Позиција 18
Бенка на внатрешната страна од зглобот на раката укажува дека сакате да трошите пари, но и дека ви е тешко да го задржите богатството. Со донирање на пари во хуманитарни средства ќе може да бидете сигурни дека ќе имате и понатаму пари за трошење. Доколку бенката е на лева рака значи дека парите ви бегаат побрзо отколку што може да ги заработите. Доколку е на десна страна имате брз прилив на средства.
Позиција 19
Една или повеќе бенки на внатрешната страна на бутините кај мажите укажува на наследство, а кај жените истата бенка укажува дека своето богатство мора сами да го заработат.
Позиција 20
Бенка на долен ден на ногата не добар. Ве очекуваат потешкотии и патење низ животот.
Позиција 21
Бенка во близина на предниот дел на стопалото одбележува маж кој многу ќе патува. Доколку бенката е помала или само точка значи дека ќе имате среќа додека патувате. Голема бенка носи проблеми на патувањето.
Позиција 22
Бенката кај жените означува краток живот кој е исполнет со стрес и грижи, научете се како да се опуштите.
Позиција 23
Оваа позција на бенка означува жена на која и е судено да се грижи за своето семејство. Во тоа е многу вешта па поради тоа е наградувана во својата старост.
Позиција 24
Личноста со бенка на ова место е многу сексуална
Позиција 25
Бенка на ова место означува жена која обожава деца, а децата се чувствуваат безбедно кога се во нејзино присуство.
Позиција 26
Жена која има бенка на ова место е многу нестабилна личност и сака да троши пари.
Позиција 27
На жена со бенка на ова место не треба да и верувате затоа што таа не знае да чува тајна. Нема зла намера, туку едноставно сака да зборува.
Позиција 28
Бидете практични со парите и внимателно трошете ги затоа што е можно да загубите се што сте заработиле.
Позиција 29
Ова е жена полна со пари и среќна до небо. Бенка на ова место гарантира успех и богатство.
Позиција 30
Ова е многу позитивна позиција за бенка затоа што е карактеристична за луѓе кои ќе ве почитуваат и ќе го уживаат почитувањето од другите луѓе.
Позиција 31
Бенка на колено значи дека мора многу да работите за да успеете
Позиција 32
Личноста со бенка на ова место не е амбициозна и треба да поработи на тоа.
Позиција 33
Ова е крута личност.
Позиција 34
Доколку имате бенка на врв на стопалото нема да имате многу среќа во љубовта. Ако бенката има црвена боја ќе имате исполнет љубовен живот дури откако ќе ги поминете сите проблеми кои ги имате во моногамна врска.
Позиција 35
Ќе имате се за да водите нормален живот. Постои можност да станете богат и да немате никакви проблеми со финансии.
Позиција 36
Мажите кои имаат бенка на ова место т.е на централниот дел на грбот имаат трајни проблеми со грбот. Оваа бенка значи насобирање на проблемите. Се верува дека оваа бенка треба да се отстрани.
Позиција 37
Жена која има бенка на рамено укажува на тоа дека ќе пати во животот. Ќе го носи цел неблагодарен товар кој и го носи животот.
Позиција 38
Доколку имате бенка на ова место ве очекува многу озборување и навредување. Доколку не ја отстраните нема да имате доволно сила за да се носите со сите напади. Ќе се чувствувате изневерено се додека не ја отстраните оваа бенка.
Позиција 39
Бенка на ова место значи дека имате недостаток од творечка енергија. Тешко ви е да се задржите на работното место.
Позиција 40
Бенка на ова место значи дека имате недостаток од творечка енергија. Тешко ви е да се задржите на работното место.
Позиција 41
Бенка на ова место значи дека не сте амбициозни и дека сте неодлучни. Немате доволно мотивација за да продолжите и секогаш ви е потребно некој да ве бутка напред за да продолжите со животот, но истата оваа бенка значи и дека ќе имате среќа во бракот.
Позиција 42
Имате потенцијал за успех и богатство, повеќе среќа ќе имате како сопственик отколку да работите за некого.
Позиција 43
Многу сте интелигентни, мудри и креативни. Ќе бидете ценети и почитувани.
Позиција 44
Оваа позиција значи дека ќе бидете многу харизматични и популарни.
Позиција 45
Паметна и интелигентна личност на која може да се потпрете.
Позиција 46
Ако имате бенка на задната страна од коленото нема да имате многу среќа во животот. Ако можете, подобро отстранете ја.
Позиција 47
Бенка на задна страна на листот означува личност која секогаш е зафатена. Ќе бидете во добри односи со поголем број на луѓе.
Позиција 48
Мажот кој има бенка на ова место значи дека често е одалечен од домот. Можно е да се пресели некаде далеку.
Позиција 49
Бенка на ова место означува човек кој нема стил и недолично се однесува.
Позиција 50
Позицијата на оваа бенка е многу негативна кога станува збор за брак. Ако е темна тоа значи дека е уште понегативна.
Позиција 51
Ова е неуредна личност.
Позиција 52
Оваа позиција укажува на многу нестабилна брачна состојба или развод.
Позиција 53
Ако имате бенка на рака никако не ја отстранувајте, тоа значи дека ќе имате пари.
Позиција 54
Бенка на ова место значи брак кој е под лошо влијание.
Позиција 55
Многу внимание посветувате на работата. Ова се личности од доверба.
Позиција 56
Бенка на задникот значи среќен живот со многу успех.
Позиција 57
Ако имате бенка на ова место ве очекува живот опколен со луѓе кои ќе ве озборуваат.
Позиција 58
Ова е личност која има мноу трпение, но ако ја форсирате може да пукне.
Позиција 59
Ова е личност која знае да раководи со пари и бројки. Вие би биле одличен сметководител.
Позиција 60
Бенка на оваа позиција означува жена која има развиени комуникациски вештини кои многумина ги ценат.
Позиција 61
Оваа позиција означува личност која има многу пријатели.