Кадри Бајрами: Бев изненаден да слушнам дека сум вмешан во нападот на Гошинце


Кадри Бајрами, лице чие име беше споменато од страна на македонските медиуми за наводна вмешаност на Бајрами во нападите врз ПС Гошинце, негираше дека учествувал во нападите, пренесува порталот Рајони Прес.

Јас сум селски човек и цел ден се занимавам со домашна работа. Бев изненаден кога го слушнав моето име во вестите, вели Бајрами иза Рајонипрес.

Кадри Бајрами кој доаѓа од с. Станчиќ, Гњилане, негираше дека тој заедно со уште три лица од Гњилане учествувале во нападите на ПС Гошинце,kadri bajrami

Кадри за Рајонипрес изјави дека тој нема време да се занимава со такви работи.

Ова е лага и моето име е искористено бидејќи живеам во граничниот појас и се занимавам со сточарство и домашни работи, и од тоа го издржувам моето семејство.

Како што јавија македонските медиуми, извесен „командант“ Џеваир Адеми од Гњилане, наводно бил водач на групата која вчера рано наутро ја зазеде караулата „Гошинце“. Имено, според неофицијални сознанија, логистичар на групата бил извесен Фарук, а наводно, биле препознаени и браќата Ерхан и Кадри Бајрами.

За МВР, овие информации засега остануваат непотврдени, но оттаму наводно соопштуваат дека токму споменатите се познати на македонските, но и на безбедносните служби на земјите од соседството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1