Кафанска пејачка го носела мртвото бебе во торба


22 годишна српска пејачка е уапсена за убиство на своето едно месечно бебе. Според полицијата таа извршила убиство, а потоа телото го сокрила во својата торба и го носела со себе во домот на родителите.

lisici3322-годишната Б.М. го напуштила домот без никому да каже каде оди минатата година. Според информациите таа била во Нови Пазар каде работела како пејачка и келнерка, а пред неколку дена ненајавенос е вратила дома кај родителите. Нејзината мајка ја отворила торбата која неколку дена стоела под масата и внатре го пронашла мртво бебе.

Во полиција Б.М. рекла дека во изнајмениот стан во Нови Пазар видела дека бебето не дише, се уплашила, го ставила во торба и отишла кај нејзините.

Ова е второ дете на пејачката. Првото 4 годишно исто така од вонбрачна врска го чуваат нејзините родители кои и добиле старателство за него. Пејачката е во притвор и ќе биде обвинета за убиство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1