Кафе кое крева од мртвите – најсилно на свет


За оние на кои им е потребно јако кафе за освестување наутро и за одржување на концентрацијата на работа, една американска компанија го производе досега најјакото кафе кое содржи 200 пати поголемо количество кофеин од класичното кафе.

KAFE SMRTСтанува збор за кафето „Смртна желба“, кое е толку јако што на неговата амабалажа како предупредување има череп и две вкрстени коски.

Компанијата производител на ова кафе, која го носи исто име, „Смртна желба“, тврди дека нејзиниот производ е изработен од специјално кафе чие зрно содржи големо количество кофеин и на напитокот му дава „вкус на арабика со двоен ефект“.

Дури и по пржењето и мелењето кафето „Смртна желба“ не губи ништо од големата концентрација на кофеин, се наведува во соопштението на компанијата со седиште во Њујорк.

Компанијата дури тврди дека не секој купувач кој ќе најде кафе појако од нејзиното, ќе му ги врати парите дадени за купувањето на едно пакување „Смрттна желба“.

Едно пакување на ова кафе од 500 грама во супермаркетите во САД се продава за цена од 19,90 долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1