Најголемиот европски музички фестивал Евровизија 2015 ќе се случи токму во Виена, градот во кој нашиот претставник Даниел Кајмакоски израсна и каде што ги направи првите чекори во музиката.
Дали тоа што Евровизија идната година ќе се одржува во Виена ќе биде олеснителна околност за Даниел, тој во интервју за Нова Македонија вели дека е супер што ќе биде близу до неговите родители и дека фестивалот ќе се одржи на 300 метри од неговиот дом главниот град на Австрија.
– Пред сѐ нема да треба да плаќам за сместување. Ќе имам време да бидам со родителите, зашто многу ми недостигаат, иако знам дека со сето срце ме поддржуваат. Ќе имам поддршка и од пријатели, роднини… Дознав дека и медиумски веќе ме споменуваат во Австрија. Тоа многу ми значи бидејќи таму се случија моите први јавни настапи и драго ми е што не сум заборавен. Јас таму последен пат јавно настапив пред 12 години. Инаку, фестивалот ќе се одржува на 200-300 метри од местото каде што живеев и навистина ќе биде многу емотивно за мене кога ќе пеам таму, вели Даниел.
Целото интервју на Даниел Кајмакоски можете да го прочитате во Нова Македонија.