Како Асанж ќе излезе од Британија – сега е во „Ничија земја“ постои ли начин на излез?


Би избегнал апсење доколу патува со дипломатско возило, но тешко е да дојде до такво бидејќи амбасадата е на првиот кат, под будно око на полицијата.


Еквадор одобри политички азил, но се поставува прашањето како Основачот на Викиликс, Асанж, би можел да излезе од амбасадата на оваа земја во Лондон, во која што се крие од 19 јуни, со оглед на британските планови за негово испорачување на Шведска. Предупреден е, нема да му дозволи безбедно да излезе од земјата.

Би избегнал апсење доколу патува со дипломатско возило, но тешко е да дојде до такво бидејќи амбасадата е на првиот кат, под будно око на полицијата. Дворот има неколку влезови и приватен паркинг, но амбасадата не е поврзана со ниту еден од нив, така што на Асанж му преостанува само предниот влез. Дури и да успее да влезе во дипломатски автомобил ( без притоа да го регистрираат камерите, или пак силното полициско обезбедување) Асанж кога тогаш ќе мора да го напушти возилото и да се качи во авион кој полетува од Британија, тука постои можност да биде уапсен.

Другите опции според правниците што дискутираат на интернет е да се прокриумчари во дипломатска торба (што е незаконско) или пак да биде именуван за еквадорски дипломат. Сепак тоа се „празни муабети“, правниците и дипломатите сметаат дека ниту една опција не е реално изведлива.

Во меѓувреме оние што го посетиле Асанж велат, живее во 10 квадрати, неговата соба е практично канцеларија со кревет, има пристап до интернет и телефон преку кој нарачува храна. Единствената можност за раздвижување му е лентата за трчање. Има и ламба што дава „сончева светлина„ за да го надомести недостигот на природно светло. Сево ова ја загрижува неговата мајка, која минатиот месец изјави дека Асанж води исцрпувачка битка.

„Тој е под голем долготраен стрес, скоро две години. Живее како во затвор“, вели Кристин Асанж.
Според експертите ваквите животни услови неминовно го земаат својот психолошки данок.
Еквадор го одобри политичкиот азил, еден ден откако британските власти се заканија дека ќе влезат во амбасадата и ќе го уапсат основачот на Викиликс, за да ја исполат својата обврска, испорачување на Асанж во Шведска за да биде изведен пред суд поради обвинение за сексуален пристап.

Tags: , , , , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1