Со оглед на тоа што поминуваме долго време на нашите лап топи, сигурно голем дел од вас имаат проблеми со батеријата. Токму поради тоа ви претставуваме неколку корисни совети кои би можеле да го продолжат нејзиниот животен век.
1. Не го држете компјутерот нон стоп на полнач
Кога прв пат ќе го приклучите, наполнете го до крај за батеријата да функционира како што треба. После тоа, најдобро е да ја одржувате меѓу 40 и 80%.
Ова им овозможува на електроните да се движат, што може да го продолжи нејзиниот животен век дури четир ипати. Внимавајте и почесто гледајте колку е процентот на батеријата. Исто така, немојте да го оставате лап топот приклучен на полнач дури и кога е исклучен.
Уште една важна работа е еднаш месечно целосно да ја испразните батеријата и да ја наполните до крај, за добро да калибрира.
2. Внимавајте на температурата
Повеќето лап топи во себе имаат батерија направена од литиум која треба да се чува на температура од 10 до 35 степени Целзиусови, што значи дека собната температура е во ред.
За да не се прегрее лап топот, особено внимавајте на вентилациските отвори. Еднаш во шест месеци добро е да го однесете лап топот на сервис за да ви го исчистат од прашина. Исто така, внимавајте да не ја затворите вентилацијата за време на работењето. Колку е поголема температурата, толку повеќе ќе ја оштети батеријата.
3. Немојте да го оставате лап топот со празна батерија
Доколку знаете дека нема да го користите лап топот некое време, најдобро е да го оставите со отприлика 50% полна батерија, на место на собна температура.
Оставањето на лап топот со празна батерија може целосно да ја уништи, додека оставањето со полна може да го намали нејзиното траење.
Fakulteti.mk