Синдром на ненадејна смрт: Младоженецот починал ден пред свадбата (Видео)


Макс Лори имал 33 години и бил сосема здрав. Само ден пред свадбата со неговата избраничка Џејн Дејвис, тој ненадејно починал!

article-2556229-1B5A7EAE00000578-769_634x505Макс и Џејн се запознале додека биле средношколци, а 16 години потоа се сретнале повторно и решиле веќе да не се разделат. Почнале врска и живееле заедно извесно време пред да решат да се венчаат. Ден пред венчавката, на 24 септември 2010, за да ја испочитуваат традицијата, Џејн отишла да спие кај својата сестра. Вели дека на вечерата кај сестра си почувствувала притисок во градите, претчувство дека нешто не е во ред.

– Морав да го видам Макс. Мислев дека тоа е можеби паника која се појавува пред венчавка, но морав да го видам. Станав и истрчав во двевната соба да му се јавам. Ми одговори, звучеше добро, и му реков дека не сакам ноќта пред венчавката да бидеме разделени – вели Џејн за Дејли меил.

Тука почнуваат да се нижат настани како од ноќна мора. Џејн, повеќе од 3 години подоцна, вели дека сето тоа и изгледа како трагичен нереален филм. Не може да се помири дека сето навистина се случило.

– На крајот од разговорот по телефон ми рече „те сакам“ а потоа испушти чуден звук, како ропот, пропратен со тешко дишење. Знаев дека нешто не е во ред – вели Џејн.

Таа помислила дека Макс од нешто се задавил, го викнала нејзиниот татко и веднаш отишле кај него. Од другата страна на слушалката се уште се слушале звуци, како тој да се задушува. Потсетувајќи се на страшните моменти кобната вечер, Џејн вели дека постојано му зборувала на Макс дека го сака, да издржи, дека итна помош доаѓа…. Во еден момент Макс веќе не испуштал никаков звук. Џејн, нејзиниот татко и лекарите пристигнале само за 12 минути – но веќе било доцна.

article-2556229-1B5A7E2E00000578-883_634x519

Обидите за оживување не успеале.

Џејн опишува како вкочането ги гледала лекарите и својот вереник.

– Се сеќавам дека реков – ова е мојот вереник, утре ќе се земеме! Ме извадија од собата во која тој лежеше неподвижен, и ми рекоа дека е во многу лоша состојба!

По еден час го изнеле од станот.

– Знаев дека е мртов. Мислев – тоа не е Макс, тоа е неговото тело!

Во болницата го преколнувала докторот да не и вели дека Макс е мртов бидејќи треба да се венчаат.

– Замислував дека ќе му биде подобро, дека ќе се шегуваме како не преплашил пред венчавката…

Ноќта по смртта на Макс, Џејн ја поминала кај неговата мајка. Следниот ден, на денот на венчавката, Џејн почувствувала потреба да биде до својот вереник. Отишла во болницата.

article-2556229-1B5A7EEB00000578-975_634x693

– Макс изгледаше исто. Му реков дека го сакам и секогаш ќе го сакам .

Дури 3 и пол години подоцна Џејн е подготвена да продолжи со животот. Се лекувала од посттрауматски стрес, не можела да се соочи со огромната загуба.

– Бевме толку среќни што се најдовме. Но Макс не би можел да поднесе да се затворам во тагата и да престанам да живеам. Тој беше забавен, го сакаше животот, би ме мразел да ме види како пропаѓам – вели Џејн.

Според Дејли меил, секоја недела во Британија умираат во просек 12 млади луѓе на возраст до 35 години, од Синдромот на ненадејна смрт. Се верува дека има 130 000 луѓе кои имаат недијагностицирани проблеми со срцето, кои може да завршат со ненадејна смрт. 80% од нив, како Макс, немаат никакви тешкотии или симптоми кои би укажале дека нешто не е во ред. Макс, на пример, редовно тренирал, имал личен тренер, редовно одел на прегледи и се гордеел колку е здрав и во форма!

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1